logo
logo
logo

Го ваделе стариот паркет, па наишле на дупка длабока 6 метри- има неверојатна историја (ВИДЕО)

Vecer | 01.03.2024

Го ваделе стариот паркет, па наишле на дупка длабока 6 метри- има неверојатна историја (ВИДЕО)

Откако го отстраниле паркетот, откриле дупка длабока шест метри, обложена со камен, чие потекло и намена не се познати!

„Штом ѕирнав во длабочините на бунарот, знаев дека открив нешто посебно, што вреди да се зачува“, рекла Џенис.

Парот решил да го зачува бунарот, па во него поставиле сини светла, додека влезот е покриен со дебело стакло, пренесува Daily Star.

На мрежите се појавија видеа од дупката откриена во куќата, во американската сојузна држава Мејн.

Се верува дека е дел од познатата „Подземна мрежа“, која Афроамериканците ја користеле за да избегаат од ропството во 19 век.

Луѓето користеле таен систем од тунели, пештери и засолништа за да избегаат во државите каде ропството било забрането или во Канада.

„Ова е прекрасен начин да се зачува, заштити и прикаже дел од историјата. Браво“, напишал еден корисник на Инстаграм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk