logo
logo
logo

Го тужеле синот единец зашто немаат внуци: Му организирале брак и венчавка, а сега патат дека снаата НЕ сака да роди

Vecer | 17.05.2022

Го тужеле синот единец зашто немаат внуци: Му организирале брак и венчавка, а сега патат дека снаата НЕ сака да роди

Пензиониран индиски пар од северната држава Утараканд го тужат својот  единствен син и снаа затоа што не им дале внуци по шест години брак и бараат отштета од речиси 650.000 долари доколку не добијат внук во рок од една година.

- Сакаме внук или внука во рок од една година или компензација, бидејќи животот го поминав во школување на мојот син, изјавил за новинарите Сањев Прасад, објаснувајќи дека во 2006 година го испратил својот син на обука за пилот во САД, што го чинело 65.000 долари.

Синот се вратил во Индија во 2007 година, но останал без работа и семејството морало да го издржува повеќе од две години, пишува Индијан тајмс.

Во меѓувреме, 35-годишникот се вработил како пилот. Износ на обесштетувањето ги вклучува трошоците за раскошна венчавка во хотел со пет ѕвезди, луксузен автомобил од 80.000 долари и плаќање на меден месец на младенците во странство.

Неговите родители велат дека бракот му го договориле во 2016 година со 31-годишна девојка, со надеж дека ќе добијат „внуче“ со кое ќе може да играат во пензионерските денови.

- Најголемиот проблем е што ни треба внук во овој период од животот, но син ми и снаата не се грижат за нас. Му организиравме свадба со надеж дека еден ден ќе станеме баба и дедо. Оттогаш поминаа шест години - рекол тој и додал: - Се чувствуваме како, и покрај тоа што имаме се, всушност немаме ништо. Ние сме многу несреќни.

Судот ја прифатил тужбата, а рочиштето ќе се одржи на 17 мај во Хардивар, град во северната држава Утараканд. Адвокатот на родителите на Прасад рекол дека парот барал пари поради „психолошка суровост“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk