logo
logo
logo

Го преместила душекот и добила црвени печати: Десет месеци ја чистиме куќата, но попусто(ВИДЕО)

Vecer | 02.12.2024

Го преместила душекот и добила црвени печати: Десет месеци ја чистиме куќата, но попусто(ВИДЕО)

Таа тврди дека изминативе 10 месеци се мачела да го „извади од дома фибергласот“, кој бил во купениот душек од мемори пена.

„Тоа е неверојатно трауматично искуство што ги промени животите на моето семејство. Добив бројни пораки од луѓе кои поминале низ истото“, вели мајката на три деца.

Лора објави видео на Инстаграм, каде ја покажа, како што тврди, борбата со „загадувањето на куќата со фиберглас“. Таа детално опишала што се случило, пренесува Newsweek.

„Го извадивме капакот од душекот и потоа го пренесовме низ неколку соби, не сфаќајќи дека се троши фиберглас. Моравме да фрлиме многу нови работи поради контаминацијата, а вкупно потрошивме 15.000 долари за чистење“, рече таа.

Жената објави фотографии на кои се гледаат „црвени печати“ на рацете, нозете и градите (реакција на честичките од фиберглас), како и видео од нејзиниот сопруг како чисти мебел и ѕидови во заштитно одело.

„Не бев свесна колку фиберглас може да промени нечиј живот и се надевам дека нашиот пример ќе им помогне на другите да избегнат лошо искуство“, изјави Лора.

Корисниците на социјалните мрежи реагираа по објавувањето на видеото, а многумина истакнаа дека првпат слушаат дека душеците од мемори пена содржат фиберглас.

„Не го содржат сите душеци, но има преку 100 марки и некои понекогаш го користат“, тврди жената од Кентаки.

Поединци прашале зошто ја тргнала обвивката, а Лора одговорила дека не го забележала предупредувањето, како што вели, „напишано со ситни букви“, и дека имало патент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk