logo
logo
logo

Го одбила момчето кое ја запросило, па следувала КОБНА ОДМАЗДА! Студентка избодена до смрт

Vecer | 22.06.2022

Го одбила момчето кое ја запросило, па следувала КОБНА ОДМАЗДА! Студентка избодена до смрт

Млада студентка од Египет била избодена до смрт во јавност и тоа откако излегла од автобус, а постои сомневање дека ја убил мажот чиј предлог за брак го одбила. Медиумите јавуваат дека тој ја демнел на Фејсбук.

Бруталното убиство на Најра Ашраф пред нејзиниот колеџ во северен Египет ја шокирало целата земја.

Нејзиниот колега, идентификуван само како Мухамед А., е во притвор откако наводно ја избодел девојка неколку пати сред бел ден пред шокираните минувачи.

Страшниот напад пред влезот на факултетот е снимен од надзорна камера, јавува Мирор.

Убиецот на Најра ја удрил во глава додека таа излегувала од автобусот. Откако паднала на земја, тој скокнал врз неа и ја прободел неколку пати во вратот.

Фотографии од крвавото тело на девојчето почнаа да се шират на социјалните мрежи и покрај повиците да престане да се споделува снимката од нападот.

Официјалните лица рекле дека таа починала на лице место, а разгневената толпа го опколила и го нападнала убиецот додека тој се обидувал да побегне од местото на настанот.

Се наведува дека осомничениот се обидел да се самоубие со истиот нож со кој ја убил Најра.

Полицијата соопштила дека осомничениот го признал убиството во притвор, а тоа го сторил затоа што престанала да разговара со него преку Фејсбук и одбила да се омажи за него.

Тој, наводно, рекол дека ја убил откако направил неколку обиди да разговара со неа преку Фејсбук во изминатата година и половина, објави Middle East Eye.

Според друг медиум, Наџум Масрија, таткото на жртвата изјавил дека осомничениот неколку пати и се заканувал на ќерката и дека пријавиле во полиција.

Еден од пријателите на Најра, пак, рекол дека осомничениот и се заканил дека ќе ја убие откако таа одбила да се омажи за него.

Повеќе од 40 сведоци веќе разговарале со обвинителството, вклучувајќи го и обезбедувачот Ибрахим Ал Ајруди, кој го уапси осомничениот веднаш по нападот.

Најра била погребана во родниот град, а ја испратил голем број колеги и пријатели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk