logo
logo
logo

Го напуштила градот и се омажила на село, но ГОРКО СЕ ПОКАЈАЛА, ОВА НЕ МОЖЕЛА ДА ГО ИЗДРЖИ

Vecer | 10.06.2023

Го напуштила градот и се омажила на село, но ГОРКО СЕ ПОКАЈАЛА, ОВА НЕ МОЖЕЛА ДА ГО ИЗДРЖИ

Марина К. е градско дете, израсната во Белград. За време на студиите се заљубила во момче од селото. Се забавувале неколку години, а набрзо се венчале, а Марина го заменила Белград со село.

Уште на почетокот сфатила дека овој живот не е за неа, но сепак му дала шанса на бракот и дала се од себе за да успее. За жал, залудно.

Нејзиното признание своевремено ги обиколи балканските портали.

- Не сакам да живеам на село и тука е крајот на приказната! Работењето во штала и на поле не е проблем, проблемот е што жената апсолутно ништо не смее да бара и да има свои права и приватност! Не сакам да живеам според правилата што ми ги наметнаа свекорот ми и свекрвата - вака јазапочна приказната за животот на село белграѓанката Марина К., која живеела со поранешниот сопруг на село во околината на Крагујевац.

Одлучила да се разведе и да „бега“ од селото, бидејќи, како што вели, тоа не е место за понежниот пол. Во многу српски села останаа само мажи. Градот стана прибежиште за многу жени кои не сакаат да „издржат тортура“.

- Во тој момент мислев дека е правилна одлуката да живеам на село. Сопругот организираше неколку пати посета кај родителите додека бевме уште во врска, ми делуваа како фини луѓе, вистински домаќини. Убаво ме прифатија, но на крајот испадна дека не е се како што замислував - вели Марина.

Два дена по венчавката и вселувањето во семејната куќа на нејзиниот сопруг, Марина веќе ги добила работните обврски. Како што вели, на почетокот било интересно додека не и станало секојдневие.

- Не ме сфаќајте погрешно, правев се и сешто, иако сум градско дете. Ништо не ми беше тешко! Можеби не знаев да молзам крава, но набрзо го научив и тоа!

Целиот концепт на живеење на село ме изнервира. Мојот сопруг не одлучуваше за ништо, а јас уште помалку. Свекорот секогаш го презеде водството.

- Во една прилика кога спомнав дека би сакала да најдам работа за малку да излезам од дома, свекор ми за малку ќе доживее нервен слом. Почна да ми вика.

- Никаде нема да одиш! Мора да бидеш тука и да го правиш тоа што ти го кажувам! Дали си гладна? Не си! Дали си жедни? Затоа, ќе правиш се како што е редот овде и не дозволувај повторно да ти го слушнам  истиот тој план – рекла Марина видно изнервирана.

Отишла во својата соба плачејќи, не можешла да се смири со часови. Најтешко и било што тогашниот сопруг воопшто не ја поддржувал, како што вели, не кажал ниту збор! Две години подоцна, Марина поднесе барање за развод.

- Едноставно не можев повеќе да го поднесам сето тоа! Бев како нивен слуга. Мајка му ги вршеше сите работи околу стоката и едвај стоеше на нозе.

Никој не ја почитуваше, исто како мене. Ме советуваше да молчам затоа што сум жена и по некое правило не смееја да се слушнат моите зборови. Тоа уште повеќе ме налути.

Побегнав, едноставно не можев да поднесам некој така да се однесува со мене - додала Марина. Кога им кажала на родителите дека сака развод, не наишла на нивното разбирање.

- Семејството на мојот поранешен сопруг е богато, но сите пари на светот се фрлаат залудно кога не знаат да уживаат во тоа. Морав да го молам сопругот за секој динар, а тој редовно тоа ми го „вадеше на нос“.

Моите родители беа против да се разведам, но јас бев одлучна! Па, тие не живеат со нив, туку јас! Јас најдобро знам како беше цело време – рекла Марина.

Таа се вратила во Белград и веќе неколку години живее и работи во родниот град. Оваа слобода не би ја заменила за ништо на светот. Јас сум свој човек. Работам, имам плата, живеам скромно, но среќно. Дури сега сфаќам во каков кафез бев. Лошо се сеќавам на селото!

Кога некој ќе спомне селска идила, само се смеам. Луѓето од градот не се свесни како живеат луѓето таму.

- Секоја чест за кој може, но навистина не сум подготвена некој да ме понижува секој ден - заклучила Марина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk