logo
logo
logo

„Го изнајмувам сопругот на други жени, одлично е за буџетот“

Vecer | 02.07.2022

„Го изнајмувам сопругот на други жени, одлично е за буџетот“

Британка го изнајмува својот сопруг на други жени бидејќи, како што вели, многу е спретен со рацете.

Ја прифаќа секоја работа што ќе му донесе пари, а целта на нивната акција е да го зголемат домашниот буџет.

Лора Јанг започна своја кампања „Вработи го мојот убав сопруг“ за да го подобри буџетот на домаќинството поради зголемените трошоци за живот.

Мајката на три деца ја добила идејата кога на интернет видела дека еден човек заработува за живот, склопувајќи мебел за други.

Лора веднаш помислила на својот 41-годишен сопруг Џејмс, кој е талентиран и прецизен во се што прави.

„Тој е добар во сè околу куќата и градината, па си помислив - зошто да не го изнајмувам на други жени на кои им треба помош?“, вели Лорен.

„Луѓето се искрено заинтересирани, сепак, имаше и такви кои имаа сосема различни идеи за мојата акција. Мислеа дека би можеле да го ангажираат Џејмс за некој друг бизнис. Дури и со зголемените трошоци за живот, не планирам да му го направам тоа на мојот сопруг “, вели Лорен и опишува што може да направи Џејмс.

„Совршен е за работи како што се монтажа на мебел, поставување трамболини, градење полици и слични работи. Понекогаш е побрзо и полесно да ангажираме некого да ја работи работата што ги чекавме нашите сопрузи“, вели таа.

Сопругот на Лора може да прави и поправа нешта без да се измори премногу. Потребна му е само скица од доделениот проект.

„Ти создаваш, а јас градам“, вели Џејмс. Досега има направено детски кревети на спрат, персонализиран мебел, но и кујна.

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk