logo
logo
logo

ГИ ИМА СЕ ПОВЕЌЕ ВО КРИЗАВА, откријте дали сте и вие ХИПОХОНДРИК

Vecer | 19.01.2022

ГИ ИМА СЕ ПОВЕЌЕ ВО КРИЗАВА, откријте дали сте и вие ХИПОХОНДРИК

Хипохондријата е психичко пореметување кое се манифестира во постојано фокусирање на личноста на своето физичко здравје, без никакви објективни причини.

За да ги забележите знаците на време и да спречите понатамошен напредок, овие знаци можат да ви помогнат сами да си помогнете или да се консултирате со специјалист:

Опседнати сте со анализи и резултати

Хипохондриите опсесивно вршат медицински тестови на една или повеќе болести. Страшно им е важен секој детал од крвната слика или друга анализа, а ќе го анализираат неколку дена по добиените резултати. Без разлика дали се работи за често мерење на притисок, пулс, тест на крвта, може да се каже дека сте на работ на хипохондрија.

Убедени сте дека имате здравствен проблем

Доколку постојано сте убедени дека нешто не е во ред со вашето тело, голема е веројатноста дека сте во рана фаза на хипохондрија. Што е уште полошо, основниот знак е ако постојано мислите дека имате поголем проблем од кој нема да можете да се извлечете, односно дека ќе умрете.

Одите на лекар за секоја ситница

Хипохондриците често посетуваат лекари за консултации, иако претходниот пат докторот им кажал дека се е во ред. Доколку постојано менувате лекари за да добиете што повеќе мислења, а притоа не прифаќате ниту едно бидејќи тоа е во спротивност со вашето, голема е веројатноста да сте хипохондрик.

Ние, социјалистичките шизици

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk