logo
logo
logo

Ги играа бројките 5 недели со ред, но кога се паднаа немаа доволно средства на сметката и не уплатија, ПРОПУШТИЈА 200 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 03.03.2021

Ги играа бројките 5 недели со ред, но кога се паднаа немаа доволно средства на сметката и не уплатија, ПРОПУШТИЈА 200 МИЛИОНИ ЕВРА

Момче и девојче од Велика Британија ја пропуштија шансата да земат близу 200 милиони евра на џекпот на „Евромилиони“, бидејќи се паднале бројките што редовно ги играат, но овојпат тие двајца не го уплатиле добитниот лоз.

Причината била – немало доволно пари на нејзината платежна картичка.

– Си помислив: „Господе, ги добивме парите!” Ги повикав Лиам и мајка ми – не можеа да поверуваат дека ја добивме главната награда. Се јавив на лотарија, но оттаму ми рекоа дека немам средства на сметката и исплатата не минала. Во еден миг, бев на врвот на светот, а потоа – шок. Лиам беше дури и понервозен од мене, рече Рејчел Кенеди, инаку студентка на Универзитетот на Брајтон.

Таа и Лиам Мекрохан (21) од Хертфордшир (Англија), пет недели по ред играат лото со овие броеви 6, 12, 22, 29, 33, 6 и 11. Студентите биле „апсолутно скршени“ кога сфатиле дека нивните броеви излегле, но тие претходно не ги уплатиле како ливче.

Инаку, кредитната картичка на Рејчел била наместена автоматски да уплати пари за лотаријата, но токму тогаш немало доволно парични средства и исплатата не минала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk