logo
logo
logo

Крокодил од 4 метри зграпчи ротвајлер и го одвлече во длабочините (ВИДЕО)

Vecer | 27.01.2025

Крокодил од 4 метри зграпчи ротвајлер и го одвлече во длабочините (ВИДЕО)

Чудовиштето било „фатено“ од дрон откако го зграпчило семејното куче во вилиците и го одвлекло во длабочините, пренесува Метро.

Минко де Бруин решил да го земе дронот кога слушнал необичен звук. Видел огромна опашка и сфатил дека се работи за крокодил, но немал поим што всушност ќе сними.

Четириметарското чудовиште брзо се упатило кон брегот и го грабнало Најџел, ротвајлер, кој си играл во неговиот двор, а потоа го одвлекол во матната вода.

Сопствениците на несреќното животно не знаеле што се случило додека не го погледнале видеото на Фејсбук. 16-месечниот ротвајлер тежок 50 килограми бил лесен плен за опасниот предатор.

 „Тоа се врвни предатори кои користат тактики на заседа, како што е чекањето во плитка вода. Ако не видите крокодил, не значи дека не е во близина“, објаснуваат експертите.

Тие ги советуваат граѓаните да бидат внимателни кога се во близина на вода за да се намали ризикот од смртоносни напади.

„Останете најмалку пет метри подалеку од плиткото. Бидете особено внимателни во самрак или зори ако ги шетате вашите миленици покрај брегот“, се додава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk