logo
logo
logo

Германската полиција затвори сајтови за детска порнографија со 21.000 видеа

Vecer | 29.10.2025

Германската полиција затвори сајтови за детска порнографија со 21.000 видеа

Сајтовите имале вкупно над 350.000 регистрирани корисници, од кои повеќето ги клиповите ги гледале бесплатно, пренесе ДПА.

Сепак, некои корисници плаќале 0,001 Биткоин (моментално околу 113 долари) за месечна претплата што им овозможувало пристап до целата содржина, соопштија истражителите во заедничката изјава.

На фајловите било кликнато околу 900.000 пати вкупно пред платформите да бидат запленети во септември, се вели во соопштението.

Истражителите можеле да дејствуваат откако откриле дека веб-страниците се управувани од центри за податоци во Германија.

Анализата на запленетите сервери на крајот ги доведе до 38-годишен маж кој живеел во Бразил.

Бразилската полиција го уапсила мажот во јужниот град Фоз до Игуачу во септември, се вели во изјавата. Тој се соочува со повеќегодишна затворска казна доколку биде осуден.

Германските истражители оттогаш се насочија кон идентификување на корисниците и претплатниците на платформите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk