logo
logo
logo

Геј самец од Англија посвоил шест деца со посебни потреби: „Тие се мојата мисија“

Vecer | 17.06.2021

Геј самец од Англија посвоил шест деца со посебни потреби: „Тие се мојата мисија“

37-годишниот Бен Карпентер од Хадерсфилд, Англија, својот живот го посветил на помагање на деца со посебни потреби. Досега има посвоено шест деца, а првото го посвоил кога имал само 21 година.

Бен стана најмладиот хомосексуалец кој посвоил дете во Велика Британија, а сега е горд татко на пет деца со посебни потреби и е во мисија да им помогне на оние кои имаат најголема потреба.

Тој во април минатата година го посвои своето шесто дете, двегодишниот Луис, откако стави крај на периодот на жалост за неговото петто дете Теди.

Бен прво го посвои Џек кој има аутизам а денес има 14 години, потоа Руби (11), која има посебни потреби, Лили (9) која е глува, Џозеф (6), кој има Даунов синдром и малиот Луис .

Теди, петтото дете кое го посвоил Бен, почина во 2019 година. Иако имал ретко генетско нарушување, причината за смртта е сепса. После таа трагична загуба, Бен направил пауза од посвојувањето за да може да го оплакува својот сакан син.

Сепак, тој не можеше да чека долго и во април минатата година најде друго дете на кое му требаше негова помош. Малиот Луис има церебрална парализа и е слеп и е последниот член на ова необично семејство.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk