logo
logo
logo

Фотографот се доближи до невестата, ЗЕТОТ ЗЕДЕ ДА ГО ПРЕВОСПИТА (ВИДЕО)

Vecer | 11.02.2021

Фотографот се доближи до невестата, ЗЕТОТ ЗЕДЕ ДА ГО ПРЕВОСПИТА (ВИДЕО)

Познато е дека во многу држави и некои религии, традициите  и верувањата наложуваат поинаков однос кон жените. Не секаде се дозволува некој премногу да и се приближи на невестата, а ако се обидете да го направите тоа лошо ќе поминете.

Корисничката на Твитер, Ренука Мохан сподели видео од венчавка во Индија, кое стана хит низ целиот свет.

Таа, го снимила моментот кога фотографот кој дојде заедно со младенците . Тој најпрвин го фотографираше младоженецот, на ред дојде невестата, но тоа не му се допадна на зетот.

Фотографот се најде премногу блиску до невестата, а кога ја допре по рамото, тоа беше премногу за младоженецот, па го удри силно по грбот.

Фотографот се збуни, но на крајот реакцијата на невестата ги воодушеви сите. Таа се изнасмеа на целиот настан кој можеше да помине многу полошо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk