logo
logo
logo

(ФОТО+ВИДЕО) Жителите зачудени: Во Русија шетаат сини и зелени кучиња

Vecer | 22.02.2021

(ФОТО+ВИДЕО) Жителите зачудени: Во Русија шетаат сини и зелени кучиња

Животните престојувале во напуштена фабрика за производство на плексиглас.

Кучиња скитници, чие крзно е со сина и зелена боја, откриени биле недалеку од затворена фабрика во рускиот град Дзержинск.

Постои сомнеж дека животните биле изложени на штетни хемикалии кои што довеле до драстична промена, пренесуваат светските медиуми.

Контакт со отпадни материи

Фабриката во Дзержинск, оддалечена 370 километри од Москва се занимавало со производство на плексиглас, но во 2015 година прогласила банкрот.

Експертите наведуваат дека кучињата веројатно дошле во контакт со опасните материи, како што се хидроцијанидски киселини и бакар сулфат.

Претставници на локалните власти ги сместиле кучињата во ветерански установи. Анализите и третманите ги правеле во близина на Нижни Новгород, пренесува „Futurism“.

Инаку, животните се во добра состојба, а според неофицијалните информации веќе пронашле свои нови сопственици.

https://www.youtube.com/watch?v=Zlg6x_EFGEc&feature=emb_title

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk