logo
logo
logo

(ФОТО) Милионерка има 20 деца и 16 дадилки: Со помош на сурогат мајчинство планира да биде мајка на уште осумдесет!

Vecer | 28.07.2021

(ФОТО) Милионерка има 20 деца и 16 дадилки: Со помош на сурогат мајчинство планира да биде мајка на уште осумдесет!

Русинката Кристина Озтурк е мажена за грузискиот милионер Галип Озтурк, со кого има дваесет деца, иако нејзината цел е 105.

23-годишната Кристина само едно дете родила по природен пат, а останатите парот ги добил со помош на сурогат мајчинство, што е легално во Грузија. Имено, Кристина вели дека се надева дека ќе има уште неколку десетици деца со помош на сурогат мајки.

На почетокот на годината Кристина стигна до сите светски медиуми бидејќи за една година платила 168.000 евра за сурогат мајки, сè со цел да ја постигне својата цел – 105 бебиња.

56-годишниот Галип е турски милионер кој веќе има 9 деца. Во интервју за „Форбс“ минатата година, тој рече: „Имам девет деца, сите живеат и работат во Турција. Тие се на возраст од 12 до 34 години, но сите работат, до најмалото. Со текот на времето, ги воведувам децата во мојата работа“.

Кристина, Русинка од Москва, посочува дека сите потенцијални сурогат мајки поминуваат низ детално советување и дека сè е чисто од правна гледна точка, пред жената да забремени со децата кои генетски потекнуваат од Кристина и Галип.

Кристина го запознала Галип кога, како млада самохрана мајка, решила да отпатува до „Лас Вегас на Црното Море“, како што го нарекуваат Батуми. Таму го запознала Галип и тоа било, како што вели таа, љубов на прв поглед.

„Тој е мојот ментор, водич и принц – сè во едно“, Озтурк неодамна откри за „Дејли меил“, а Галип ги потври нејзините зборови.

Имено, Кристина има 16 дадилки, а секоја од нив има месечна плата од 500 долари. Нивниот распоред, како што вели, е таков што работат четири дена, а потоа имаат пауза од два дена. Тие живеат во нивната куќа и имаат своја кујна.

„Трошоците во толку големо семејство се огромни. Секоја недела трошиме 20 најголеми пакувања пелени и 53 пакувања млеко во прав. Ние трошиме околу 6.000 американски долари секоја недела на најважните работи за децата. Некогаш малку повеќе, понекогаш малку помалку, но отприлика е таа сума. Иако ги имаме толку на број, секое дете има своја облека, тие не делат ништо освен понекогаш за фотографирање, изјави Кристина за „The Sun“.

А децата се Мустафа (14 месеци), Маријам (13 месеци), Ајрин (13 месеци), Алиса (13 месеци), Хасан (една година), Џуди (1), Харпер (11 месеци), Тереза (​​11 месеци), Хусеин (11 месеци), Ана (10 месеци), Изабела (10 месеци), Исмаил (9 месеци), Мехмед (9 месеци), Ахмед (9 месеци), Али (8 месеци), Кристина ( 8 месеци), Сара (7 месеци), Локман (7 месеци), Галип (6 месеци) и Оливија (4 месеци).

Семејството живее во вила, по една соба за две или најмногу три деца.

„Тие сè уште се мали, кога ќе пораснат малку, секој ќе добие своја соба. Засега живееме во куќа на три спрата и планираме или да ја надградиме или да купиме поголема. Во моментов има доволно простор за сите“, вели Кристина.

Таа исто така вели дека дава сè од себе да се посвети на секое дете, што не е лесно.

„Се обидувам, но моето омилено дете е мојот сопруг“, вели Кристина за „Мирор“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk