logo
logo
logo

ШОКАНТНО ВИДЕО:

Фитнес тренер скокнал во море да ја спаси колешката: Сопругата врескала од мака!

Vecer | 28.09.2021

Фитнес тренер скокнал во море да ја спаси колешката: Сопругата врескала од мака!

Рускиот фитнес тренер Данил Гагарин (30) починал во шпанското летувалиште Торевиеха кога се обидел од водата да ја извлече колешката Ема Монконен (24) со која работел во Аликанте.

Ема решила да скокне од карпа, додека во морето имало огромни бранови. Нејзиниот гест не го одобрил ниту Данил ниту неговата сопруга, но таа скокнала. Заради силните струи почнала да се дави, па Данил скокнал да ја спаси.

Во еден момент успеал да ја фати за рака, но карпата на која се фатиле била премногу лизгава за да се задржат. Водата го повлекла назад.

Дарија залудно врескала довикувајќи го сопругот. Службата за спасување по еден час го нашла телото на Ема, а дури следниот ден и неколку километри понатаму го нашле и телото На Данил.Дарија видеото им го покажала на полицајците, а го објавила и на социјалните мрежи да биде предупредување за луѓето да не си играат со судбината.Аљоша Мас, нивен пријател од Шпанија за медиумите рекол дека ваквите скокови отсекогаш ги привлекувале луѓето кои имаат проблем со адреналнинот, но дека често ги плаќале со животите.

  • Ова благо кажано било немарно и лудо. Сакам да им кажам на љубителите на адреналин - најдете посигурни активности, рекол Мас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk