logo
logo
logo

Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

Vecer | 19.03.2026

Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

Нордиските земји повторно доминираат на врвот на листата, при што Исланд, Данска и Шведска се меѓу првите пет. Костарика е единствената земја што не е нордиска, а е меѓу првите пет поточно рангирана на четвртото место.

Во првите десет се и Норвешка, Холандија, Израел, Луксембург и Швајцарија. Германија напредуваше од 22 на 17 место, додека Austria падна на 19-то место. САД во споредба од лани се место погоре на листата, одкачувајќи се од 24 на 23-то место.

Листата опфаќа 147 земји, при што на последно место е рангиран Авганистан.

Извештајот го изготвува интердисциплинарна екипа предводена од експерти на Центарот за истражување благосостојби на Оксфордскиот универзитет. Во него се оценуваат животното задоволство и квалитетот на живот врз основа на повеќе фактори како економија, здравје, слобода, дарежливост и перцепција за корупција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk