logo
logo
logo

Финализиран е договорот за изградба на најголемата соларна електрана во Израел

Vecer | 03.05.2026

Финализиран е договорот за изградба на најголемата соларна електрана во Израел

 Израелските министерства за енергетика и финансии, како и Националната електроенергетска компанија, објавија дека е финализиран договорот за изградба на најголемата соларна електрана во Израел, која ќе биде извор на најевтина електрична енергија.

Електраната ќе има капацитет од 265 мегавати, додека киловат-час електрична енергија што ќе ја произведува ќе чини само два центи.

Сончевата електрана ќе ја гради компанијата „EDF renewable energy sources“, а ќе биде лоцирана во градот Димона, во пустината Негев.

Електраната ќе се простира на површина од 740 ари, а се очекува нејзината изградба да започне веднаш и да трае околу две години.

Сончевата електрана ќе работи според моделот на приватно-јавно партнерство, а компанијата одговорна за нејзината изградба и одржување ќе биде одговорна за електраната во период од 25 години, по што овој објект ќе биде предаден на државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk