logo
logo
logo

ОТРОВОТ ВО ХРАНАТА ЗА БЕБИЊА ЈА СТАВИЛ УЦЕНУВАЧ, не потекнува од производителот ХИП

Vecer | 02.05.2026

ОТРОВОТ ВО ХРАНАТА ЗА БЕБИЊА ЈА СТАВИЛ УЦЕНУВАЧ, не потекнува од производителот ХИП

Пронајдениот опасен елемент, отров за глувци во теглите со детска храна на светски познатиот бренд ХИП не потекнуваат од производителот туку отровот е намерно ставен во нив од лице кое е идентификувано.

Австриските безбедносни сили успеаја да стават лисици на рацете на 39-годишен маж кој е главниот осомничен за еден од најмонструозните обиди за убиство и изнуда. Овој човек се товари дека свесно ставал отров за стаорци во тегличките со детска храна на познатиот германски бренд „Хип“.

Целата операција била дел од сурова уцена насочена кон производителот за изнуда на огромна сума пари. Веста за апсењето доаѓа како олеснување за јавноста во Австрија, Чешка и Словачка каде веќе беа пронајдени контаминирани производи. Сепак, истрагата сè уште не е затворена бидејќи една опасна тегличка сè уште се наоѓа некаде на полиците низ австриските маркети.

Полицијата во покраината Бургенланд потврди дека осомничениот е приведен во Салцбург, во близина на германската граница. Инспекторите работеа под огромен притисок откако беа пронајдени пет манипулирани теглички со детски кашички. Анализите потврдија дека во храната бил измешан смртоносен отров за глодари кој можел да предизвика фатални последици кај најмладите. Извршниот директор на „Хип“ ја опиша ситуацијата како директен напад врз најранливите членови на општеството. Безбедносните камери и дигиталните траги беа клучни за лоцирање на овој опасен престапник кој се криел во пограничните предели.

Крвава изнуда: Два милиони евра за живот на бебињата

Зад овој морничав чин не стоела идеологија, туку чиста алчност и желба за брзо богатење преку уцена. Осомничениот испратил електронска порака до компанијата „Хип“ во која барал исплата од два милиони евра во рок од само шест дена.

Најбизарниот дел од приказната е што пораката била испратена на групна адреса која вработените не ја проверувале редовно. Компанијата ја видела заканата дури две недели по истекот на рокот, што дополнително ја отежнало почетната истрага. Оваа бирократска грешка за малку ќе ги чинеше животи десетици семејства кои ги купувале овие производи без никаков сомнеж.

Иако главниот актер е зад решетки, австриската полиција сè уште трага по шестата контаминирана тегличка. Тие апелираат до сите граѓани да бидат максимално претпазливи и добро да ја проверат амбалажата пред употреба.

Секоја трага од оштетување на капакот или нетипичен мирис мора веднаш да се пријави кај надлежните органи. Безбедноста на храната сега е под строг мониторинг низ цела Централна Европа за да се спречат слични имитатори на овој криминален чин. Правдата ќе го каже последниот збор за овој човек кој реши да се коцка со најскапоцените животи заради крвави пари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk