logo
logo
logo

ФИЛМОТ снимен по вистински настан, а кој ги вознемири гледачите на Нетфликс

Vecer | 10.06.2021

ФИЛМОТ снимен по вистински настан, а кој ги вознемири гледачите на Нетфликс

Филмот снимен според вистински настани на Нетфликс ги згрози гледачите, а некои коментираа и дека им е лошо откако го гледале.

Станува збор за филмот Believe Me: The Abduction of Lisa McVey, кој раскажува приказна за тинејџерка од Флорида која беше киднапирана во 1984 година од сериски убиец додека се враќаше дома од работа со велосипед. Тогаш 17-годишната Лиза била киднапирана и заробена 26 часа од серискиот убиец и силувач Боби о Лонг. Лиза успева да го убеди да ја пушти и со тоа останува единствениот преживеан од неговите жртви, но по ослободувањето се соочува со друг проблем: скоро никој не ѝ верува.

Иако филмот бил снимен уште во 2018 година, тој привлече внимание бидејќи неодамна се појави на Нетфликс и веднаш стана тема на социјалните мрежи.

Судејќи според коментарите, приказната на Лиза погоди многумина.

"Се обидувам да го гледам Believe Me: The Abduction of Lisa McVey на Нетфликс и ми се гади од тоа. Боже, ова е ужасно".

„Го гледав Believe Me, ми беше лошо и цело време се ежев.“

Инаку, Лонг убил најмалку 10 жени на Флорида во текот на осум месеци. Тој бил прогласен за виновен за вкупно осум убиства, како и за киднапирањето на Лиза МекВеј и бил осуден на смрт. Тој беше погубен во 2019 година.

Лиза стана полицаец, специјализирана за злосторства од сексуална природа и работи на заштита на деца. Лонг бил уапсен благодарение на нејзината присебност и помош, иако тогаш имала само 17 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk