Се чини дека италијанските новинарки доминираат во спортскиот свет, а по Дилета Леота, се појави уште една дама која го привлекува вниманието на теренот.
Станува збор за Елеонора Инкардона, која работи во компанијата „ДАЗН“.
Поради честите појавувања како спортска водителка, многумина веќе ја сметаат за наследничка на познатата италијанска убавица Дилета Леота.
И сега ја поздравуваат со зборовите „следната Дилета Леота“.
Покрај тоа, Елеонора привлекува огромно внимание на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии – и од нејзината приватна и од деловната средина.
Судејќи по објавите, атрактивната Италијанка ја сака својата новинарска кариера. Еднаш дури и коментираше зошто решила да се занимава со спортско новинарство.
„Стадионот е нешто посебно за мене. Можноста да бидам блиску до акцијата, да ги проучувам деталите, да разберам што се случува, да ги слушам гласовите на протагонистите, дава нешто дополнително што е тешко да се објасни. Очигледно не можам да ги заборавам првите натпревари што ги гледав во живо во Катанија", изјави таа за The Sun.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата