logo
logo
logo

Истражување: Женетите мажи се опуштаат, ИМААТ ТРИ ПАТИ ПОГОЛЕМИ ШАНСИ ЗА ДЕБЕЛИНА ОД НЕЖЕНЕТИТЕ

Vecer | 14.03.2025

Истражување: Женетите мажи се опуштаат, ИМААТ ТРИ ПАТИ ПОГОЛЕМИ ШАНСИ ЗА ДЕБЕЛИНА ОД НЕЖЕНЕТИТЕ

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажало полско истражување. Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.

Истражувачите заклучија дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак, пренесе Гардијан

3,2 пати поверојатно

Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од слободните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.

Ова потенцијално се објаснува со културните разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во истражувањето.

Ризикот исто така се зголемува со возраста.

Студијата заклучила дека ризикот од дебелина исто така се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три проценти кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, сепак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пренесува агенцијата ДПА.

Дебелината се дефинира како индекс на телесна маса од 30 или повеќе, а прекумерната тежина се дефинира како индекс од 25 до 29,99.

Истражувањето го водеше лекарот Алича Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава. „Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk