logo
logo
logo

ФБИ ги обвини севернокорејски хакери за една од најголемите кражби на криптовалути

Vecer | 27.02.2025

ФБИ ги обвини севернокорејски хакери за една од најголемите кражби на криптовалути

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска обвини хакери поврзани со Северна Кореја за една од најголемите познати кражби на криптовалути, откако агенцијата заплени етереум во вредност од речиси 1,5 милијарди долари од компанија со седиште во Дубаи.

Хакерите „напредуваат брзо и конвертирале дел од украдените средства во биткоин и други виртуелни средства кои се расфрлани низ илјадници адреси на повеќе блок синџири“, се вели во соопштението на ФБИ.

Се додава дека се очекува средствата да се исперат и да се претворат во фиат валута, пренесуваат агенциите.

Хакерите крадат криптовалути „со дистрибуција на апликации за тргување со криптовалути кои се модифицирани за да вклучуваат штетен софтвер кој ја олеснува кражбата на криптовалути“, соопшти ФБИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk