Во денешно време, (не)традиционалните свадби се сè почести, а често видеа од нив се појавуваат на социјалните мрежи токму поради овие разлики.
Имено, овие денови се појави вирален клип од свадба што наводно се одржала во Врање, а привлече големо внимание од јавноста поради специфичниот избор на музика и атмосфера. Додека повеќето од прославите од овој тип се уживаат со нотите на народна музика кога гостите танцуваат на колца, на оваа свадба гостите уживале во малку потежок звук.
Како што е наведено во видеото, сите се забавувале со звуците на метал бендот „Mud Factory“, кои наводно биле и гости на свадбата, а посебно внимание привлече играњето, кое најчесто се сведувало на „тресакње“ со главата. Иако ова не е класична сцена од свадба, корисниците на социјалната мрежа Инстаграм се воодушевени.
„Револуција, браво“, „Јужната пруга отсекогаш била хардкор“, „А семејството во позадина, запрепастено. Хит“, „Го сакаме бројот на фризерот на невестата“, се само дел од коментарите.
Како ви се допаѓа ваков вид свадба?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата