Доколку не сте слушнале за фастинг диетата, поточно за овој начин на исхрана, сега е крајно време да го промените тоа.
Зошто?
Затоа што тоа е диета која навистина може да ви го промени животот. На подобро, се разбира.
Не само што ќе ги изгубите посакуваните килограми, туку со овој начин на исхрана (особено ако продолжите да го следите и откако ќе ја достигнете посакуваната тежина) ќе му дозволите на телото да се регенерира.
Целосното име на диетата е „intermittent fasting“, што во буквален превод би било „периодично гладување“.
При спомнувањето на зборот „гладување“ многумина ќе се откажат од читањето на текстот, а можеби и тоа е причината што името на диетата е преземено во оригинал фастинг - тоа звучи секако помалку застрашувачки.

Оваа диета се состои од моделот 16:8, што значи дека не јадете 16 часа во текот на денот, додека храната е дозволена осум часа. Иако бројката од 16 часа „гладување“ изгледа страшна, имајте на ум дека можете да спиете половина од тој период.
Имено, времето на фастингот го одредувате онака како што најмногу ви одговара и не мора да биде исто секој ден, туку мора да биде во рамките на правилата од 16 до 8.
На пример: Ако последен пат сте јаделе во 18 часот, можете да јадете за прв пат следниот ден во 10 часот.
Оваа диета е популарна и затоа што не треба да размислувате за претходно подготвени оброци и купување намирници, кои вообичаено не ги консумирате, како што е случајот со палео и кето диетата.
Важна информација е дека во периодот на јадење можете да јадете колку сакате и што сакате. Се разбира, без претерување, а особено без компензација. Во принцип: јадете како што обично јадете.
Но, во тие 16 часа кога не е дозволено консумирање храна, не е дозволено ниту консумирање на сокови и овошје, на пример.
Во тој период пожелно е да се пие што повеќе течност. Се разбира, водата е дозволена. Чајот и кафето може да се консумираат, но без никакви засладувачи.
И не, не е дозволена ниту лимонада или гума за џвакање (која содржи шеќер).

И сега најважното:
Зошто токму оваа диета и кои се нејзините придобивки?
Прво, да објасниме како функционира шеќерот во телото и зошто строго се избегнува за време на фастингот.
При редовно консумирање оброци, благодарение на храната, во организмот внесуваме енергија, но најмногу и многу повеќе енергија која не му е потребна на нашето тело. Дел од таа енергија се складира и чува за следната употреба - да речеме првата голема исцрпеност, додека другиот дел директно формира маснотии во мускулите.
Имено, нивото на инсулин (кој е клучен хормон при складирање на енергија) се зголемува за време на јадењето, а вишокот енергија делумно се распределува во црниот дроб, додека другиот дел помага при формирање на маснотии на мускулите.
Кога нивоата на инсулин се високи, шеќерите во крвта се претвораат во масти, а потоа се складираат како маснотии на мускулната маса. Меѓутоа, кога нивото на инсулин е ниско (како на пример, за време на неконсумирањето храна), телото добива сигнал да почне да ги согорува овие складирани (или непотребни) масти.
Во исто време, овој процес го означува почетокот на рамнотежата во вашето тело и почетокот на фазата на слабеење.
Првите значајни резултати се видливи по еден месец, додека подолготрајните од два и три месеци придонесуваат за намалена тежина до десет килограми и повеќе.
Откако ќе почнете да постите и ќе успеете да функционирате според овој систем без прекумерна непријатност, ќе почувствувате колку е полесно да станете кога алармот безмилосно ќе ве разбуди рано на почетокот на работната недела и колку сте поенергични и пополетни.
Една од главните причини за тоа, како што тврди познатиот американски лекар Д-р ОЗ, тоа е затоа што не појадувате. Д-р Оз верува дека полнењето на стомакот со храна веднаш штом ќе станеме и генерално во првите часови или два од отворањето на очите е сосема непотребно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата