logo
logo
logo

УРНЕБЕСНО ВИДЕО

Фан го покани Чарлс на пиво, а одговорот на кралот е ХИТ!

Vecer | 14.09.2022

Фан го покани Чарлс на пиво, а одговорот на кралот е ХИТ!

Кралот Чарлс III во изминатите денови ја изненади јавноста со своите експлозивни реакции, но сега докажа дека има и смисла за хумор. Впрочем, на интернет сега на големо се споделува видео старо неколку месеци, на кое тој на шега одговара на покана за пиво што му ја испратил еден граѓанин.

Во видеото објавено на ТикТок, Чарлс и мавта на толпата пред замокот, а потоа добива покана за пијачка од еден од толпата.

Kralj Čarls

- Чарлс, сакаш ли на пиво? - му викал граѓанинот, а Чарлс го замолил да го повтори прашањето бидејќи не го слушнал добро.

Кога го разбрал прашањето, веднаш се насмеал и одговорил со „каде“, на што сите присутни се насмеале.

- Мора да ми препорачаш некое место - му рекол Чарлс.

@andrewgould6 go for beer Charles #prince #king #goforbeer #laugh #ask #question #lol #royal #charles #princecharles #commenwelthgames #birmingham #birmingham2022 #birminghamuk ♬ original sound - Andrew Gould

Многумина коментирале дека таа е многу приземна личност и ја има истата смисла за хумор како и покојната кралица Елизабета Втора.

- Чарлс изгледа како навистина фина и приземна личност - забележале тие.

Други додаваат дека порано не го сакале, но сега почнува да им се допаѓа и дека сепак може да биде добар крал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk