logo
logo
logo

Работник во Форд украл делови: изнесувал хауби, браници...

Vecer | 09.05.2025

Работник во Форд украл делови: изнесувал хауби, браници...

Еден работник во Форд решил да си се „обезбеди“ за жал, тој се обидел да го направи тоа со кражба.

Ова воопшто не била мала операција, бидејќи овој вработен украл автоделови во вредност од неколку милиони долари.

Како што објави „Фокс 2 Детроит“, кражбите започнале пред повеќе од две години и вклучувале повеќе фабрики во југоисточен Мичиген, имено фабрики каде што се произведуваат моделите „Бронко“, „Рејнџер“, „Мустанг“ и „Ф-150“.

Вработениот наводно крадел делови од фабриката, а потоа ги носел во автосервиси во Детроит, каде што ги продавал на eBay. Интересно е што ова не биле мали делови што можеле да се сместат во џеб, туку меѓу украдените предмети биле хауби, браници и задни светла.

Сето ова, логично, предизвикува сомнеж бидејќи се поставува прашањето како некој можел да ја извади целата хауба без обезбедувањето да забележи.

Кога некој конечно забележал нешто, била започната истрага. За време на една од рациите во Детроит, полицијата пронашла простор исполнет со нови автоделови, како што рекоа, „од подот до таванот“.

Четири лица се уапсени, но сè уште не се поднесени обвиненија. Осомничените потенцијално се соочуваат со низа обвиненија, вклучувајќи кражба на автомобили, рекетирање и водење криминална организација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk