Одморот во Грција оваа година за многумина подразбира внимателно планирање на трошоците, а меѓу информациите што најмногу ги интересираат туристите секако се цените на лежалките на популарните плажи.
Според страницата Nikana.gr, во Грција, во градот Неа Флогита, цените на сет лежалки во првиот ред покрај морето достигнуваат околу 30 евра, додека за вториот ред треба да издвоите околу 20 евра по сет од две лежалки и чадор.
Пијалоците генерално се доволни за лежалките што се наоѓаат подалеку од брегот.
Неа Флогита е едно од најпопуларните одморалишта на Халкидики, познато по својата долга песочна плажа, плитката вода погодна за семејства со деца и големиот број таверни, кафулиња и барови покрај морето.
Во текот на летото, местото привлекува голем број туристи од Македонија, особено поради добрите врски и живата атмосфера во вечерните часови.
Слична е ситуацијата и во Ханиоти, каде што цените на лежалките на градската плажа почнуваат од 20 евра по сет во текот на мај и јуни, додека во шпицот на сезоната, во текот на јули и август, достигнуваат 30 евра.
Ханиоти се смета за едно од најорганизираните и најпосетуваните места на Касандра. Туристите го избираат поради шеталиштето полно со ресторани и продавници, добро одржуваната плажа и големиот избор на сместувачки капацитети.
Во текот на сезоната, е особено популарен меѓу младите и семејствата, а многумина го користат како база за посета на други плажи на првиот крак од Халкидики.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата