Сезоната на Близнаци трае од 21 мај до 20 јуни и носи потполно поинаква енергија од помирниот период на Бикот. Ова е период кој носи одлични можности за Близнаците, Вагите и Водолиите. Сезоната на Близнаци започнува со влегувањето на Сонцето во овој воздушен знак, со што најавува побрзо темпо на живот и засилена комуникација.
Комуникација и патувања
Ова е време на комуникација, нови познанства, кратки патувања, флерт, пораки и ненадејни пресврти. Многумина ќе имаат чувство дека мислите им работат побрзо од вообичаено, па ќе се појави потреба за промена, разговор и излегување од рутината.
Во текот на овој период полесно се остваруваат контакти, се решаваат недоразбирања и се започнуваат нови идеи кои подоцна можат да донесат големи промени.
Сезоната на Близнаци носи забрзување
Сезоната на Близнаци често носи двојни ситуации, па некој може да го промени мислењето преку ноќ или ќе се појават две опции меѓу кои нема да можеме да се одлучиме.
Ова е одличен момент за започнување нови проекти, маркетинг, социјални мрежи, учење јазици и сè што бара креативност и брзина. Сепак, поради расфрланата енергија, важно е луѓето да не ветуваат нешто што не можат да го исполнат.
Како ќе влијае врз воздушните знаци?
БЛИЗНАЦИ Сонцето во вашиот знак ви носи виталност, организација и позитивна енергија. Настаните во вашиот живот добиваат забрзување, па ќе имате впечаток дека имате помалку време за себе. Ве очекуваат убави вести и пријатни настани.
ВАГА Сонцето во Близнаци ви носи патување. Воедно, ова е одличен момент за запишување на некој курс или учење јазик. Ќе имате одлична соработка со странство.
ВОДОЛИЈА Сезоната на Близнаци до 21 јуни внесува повеќе забава во вашиот живот, па ве очекуваат возбудливи средби и покани за забави. Доколку сте слободни, можен е почеток на нова летна романса.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата