Основачот на „Блу Ориџин“ и милијардерот Џеф Безос имаше малку лоша среќа во Тексас кога се сопнал и паднал додека ја обиколувал вселенската капсула Њу Шепард, по нејзиното успешно враќање на Земјата во понеделникот. Во капсулата се наоѓала неговата свршеница Лорен Санчез, поп ѕвездата Кети Пери и уште неколку патници.
По слетувањето, Џеф Безос заедно со другите се доближувал до капсулата која слетала во пустината Тексас. Во еден момент, додека гледал околу капсулата и низ прозорецот, тој зачекорил во вдлабнатина во земјата и паднал во песокот. Сепак, брзо станал на нозе и продолжли кон вратата од капсулата, каде што ја прегрна и бакна својата вереница Лорен Санчез.
Спектакуларно лансирање и враќање од вселената
Ракета на компанијата „Блу Ориџин“ беше лансирана во понеделникот наутро од локацијата Launch Site One во Тексас. Во капсулата беа Лорен Санчез, Кети Пери, телевизиската водителка Гејл Кинг, филмската продуцентка Керијан Флин, инженерката на НАСА Ајша Боу и активистката за човекови права Аманда Нгујен.
Летот траеше околу десет минути, при што патниците ја преминаа линијата Карман - границата на вселената која се наоѓа на 100 километри над Земјата - и накратко доживеаја бестежинска состојба пред да се вратат на земјата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата