logo
logo
logo

И пак први во светот: КИНЕЗИТЕ ГРАДАТ СЕРВЕРСКА БАЗА ПОСТАВЕНА ВО МОРЕ, ладењето не е веќе проблем

Vecer | 17.05.2026

И пак први во светот: КИНЕЗИТЕ ГРАДАТ СЕРВЕРСКА БАЗА ПОСТАВЕНА ВО МОРЕ, ладењето не е веќе проблем

Напливот и маркетинг кампањите за вештачката интелигенција се во полна сила но, ефектот од бомбастичните најави е многу помал од рекламираното. Практична употреба на вештачката интелигенција има само во воената индустрија и неколку богати и финансиски моќни научни центри. Се останато е во рамките на забава и прераскажување на веќе познати и објавени информации спакувани во нова форма. 

Главен проблем на серверите за обработка и поддршка на податоци за вештачката интелигенција е огромна потрошувачка на струја која може да биде загрозување на секојдневните потреби за енергија доколку тие серверски центри би се развивале колку што планираат и, секако, ладење на серверите кое исто така зависи од нова потрошена енергија - која ја нема доволно.

Кинезите најдоа решение со тоа што, први во светот, серверските бази ги сместија во морето и така обезбедија бесплано, или барем ефтино ладење.

Кина го гради првиот подводен центар за податоци во светот

Центарот за вештачка интелигенција се наоѓа на длабочина од 10 метри од брегот на Шангај, со 192 серверски кабинети ладени со морска вода.

Се напојува директно од ветерна фарма на море.

Повеќе од 95% од енергијата од обновливи извори - заштедува 61 милион киловат часови и ги намалува емисиите на јаглерод.

Изграден е за само шест месеци со користење на напредна технологија за морска градба.

Подводните центри за податоци би можеле да станат следниот голем чекор во развојот на одржлива инфраструктура за вештачка интелигенција, решавајќи еден од најбрзо растечките проблеми во технолошкиот сектор - огромната потрошувачка на електрична енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk