Кралицата Камила денеска откри нови детали за Кејт Мидлтон при посетата на Шрусбери, град во Англија. Тоа беше првпат јавно да зборува за принцезата откако сопругата на принцот од Велс беше оперирана на дебелото црево и откако на 22 март објави дека има рак.
Сопругата на кралот Чарлс денеска ја пречекаа две девојки кои ја поздравија со постер со поддршка за Кејт Мидлтон: „Пренесете и ја нашата љубов на Кејт“.
Камила им рекла: „Знам дека Кетрин е воодушевена од сите добри желби и поддршката“, пренесува Мирор.