Верверицата била спасена пред седум години од Марк Лонг, но по низа анонимни извештаи, Одделот за заштита на животната средина (DEC) ја заплени верверицата, како и ракунот по име Фред, пренесува Sky News.
Peanut, orphaned squirrel who became social media star, was euthanized after being seized from home https://t.co/vQ0rKMhhCF
— WBRC 6 News (@WBRCnews) November 2, 2024
Двете животни биле евтанизирани бидејќи имало сомневање дека имаат беснило, а било констатирано дека Пинат каснал лице кое било вклучено во истрагата.
DEC упаднале во домот на Лонг пред два дена по повеќекратните поплаки дека тој чува диви животни во небезбедни услови и дека тие може да пренесат беснило.
Пинат имала свој профил на Инстаграм, кој има 500.000 следбеници, а на него беа објавени видеа - скици со сопственикот, верверица со капа или како јаде вафли. Марк ја посвоил Пинат кога пронашол бебе верверица со нејзината мајка која била удрена од автомобил.
Кога била доволно опоравена, Лонг ја пуштил назад во дивината, но ја нашол на својот трем следното утро без поголем дел од нејзината опашка, по што таа останала во неговиот дом.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата