logo
logo
logo

Европа зфатена од екстремни жештини: Двајца мртви во Италија, пожари ширум континентот

Vecer | 01.07.2025

Европа зфатена од екстремни жештини: Двајца мртви во Италија, пожари ширум континентот

Шумските пожари во Турција принудија повеќе од 50.000 луѓе да се евакуираат, додека пожарите се проширија и низ други провинции како што се Билеџик, Маниса и Хатај.

Франција го забележа својот најтопол јунски ден досега во неколку градови, а Париз и 15 други региони издадоа црвени временски предупредувања. Повеќе од 1.300 училишта се затворени.

Температурни рекорди се срушени во Шпанија и Португалија - Ел Гранада забележа 46 степени Целзиусови, додека Мора во Португалија забележа дури 46,6 степени Целзиусови. Во Италија, највисоко ниво на предупредување за топлина е прогласено во 21 град, а работата на отворено е забранета во најжешките часови од денот во региони како што е Ломбардија, објавува Би-Би-Си.

Во Грција, пожари ги зафатија крајбрежните градови во близина на Атина, а луѓето се евакуирани од своите домови. Во Германија, се очекува температурите да достигнат 38 степени Целзиусови, додека во Велика Британија, Вимблдон го забележа својот најжежок прв ден од турнирот со 32,9 степени Целзиусови.

ООН предупредува дека екстремната топлина ќе стане почеста и поопасна поради климатските промени.

-Ова е сериозна закана за здравјето, животната средина и основните човекови права, рече високиот комесар на ООН за човекови права, Фолкер Турк. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk