logo
logo
logo

Еве со кои три инфекции може да се заразите на базен

Vecer | 15.07.2024

Еве со кои три инфекции може да се заразите на базен

До летувањето на море имате уште доста време, а потребно ви е инстант освежување? Тогаш нема ништо подобро од бањање во базен.

Сепак, лекарите предупредуваат дека треба да внимавате кога станува збор за градските базени, бидејќи многу лесно може да фатите инфекции предизвикани од бактерии во водата. Иако хлорот и бромот додадени во водата во базенот ги убиваат повеќето бактерии, тоа не значи дека секогаш сте безбедни.

- Без разлика на присуството на хлор и бром, може да добиете некоја инфекција предизвикана од бактерии во водата. Исто така, може да се разболите при контакт со разни хемикалии - според Џејсон Кунц, експерт од Центарот за контрола на болести.

Најчести причини за инфекција на базен

- Една од најчестите причини е дијареата. Доколку има инцидент со измет во базенот, мора да се следи протоколот за добивање на повторна дозвола за бањање. После ваква случка, милиони бацили можат да навлезат во водата - објаснува д-р Клер Рок од Универзитетот Џон Хопкинс.

Сепак, дури и без вакви „инциденти“ може да се заразите, а Кунц напоменува дека можете да соберете голем број на бактерии од водата, од норовирус, шигела до ешерихија коли. Во зависност од патогенот, симптомите на инфекција може да вклучуваат гадење, дијареа и повраќање.

Зошто хлорот не ги убива бацилите?

Освен што е важен заемниот однос на хлорот и бромот во водата, важна е и нејзината рН вредност. Меѓутоа, уште поважен е фактот дека на хлорот му е потребно време да почне да делува. Од друга страна, бактеријата наречена криптоспоридиум е многу отпорна на хлор, а според Центарот за контрола на болести, оваа бактерија е одговорна за 49 % од инфекциите во базените. А, колку е опасен криптоспоридиумот покажува фактот дека може да преживее повеќе од седум дена!

Пливачко уво

Ова е инфекција предизвикана од бактерии како резултат на задржување на вода во надворешниот ушен канал. Оваа инфекција го уништува заштитниот слој на восок во ушите и ја нагризува кожата. Најчесто се јавува кај деца и не се пренесува на други луѓе. Симптомите вклучуваат црвенило, оток и исцедок од ушите.

Осип и кашлица

- Кога хлорот се меша со нечистотија, пот и урина, може да предизвика иритација. Најчести симптоми се црвени очи, печење на очите, осип и кашлица. Исто така, ако нивото на pH во водата не е добро, може да предизвика иритација на кожата и очите.

Како да се заштитите?

Експертите предлагаат барем една минута туширање пред да влезете во базен и откако ќе излезете, така ефикасно ќе ги отстраните штетните честички од вашата кожа, пишува Huffpost.com.

Исто така, се советува дека никако не смеете да голтнете вода од базенот...

Извор: srecna.republika.rs/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk