logo
logo
logo

Еве што велат ЅВЕЗДИТЕ за денес: ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Vecer | 23.06.2021

Еве што велат ЅВЕЗДИТЕ за денес: ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Овен

Не се оптоварувате со големи обврски, туку важно ви е да ги завршите основните работи. Ве очекува поволен ден за планирање на работите. Ако сте сингл, ќе бидете збунети и несигурни во своите чувства кон личноста која ви се додворува. Ако сте во врска, сѐ уште не сте подготвени да раскинете, иако не сте среќни со партнерот.

Бик

Присетување на минатото и каење за минати грешки. Време е да им кажете збогум на сите луѓе и нешта кои ве потсетуваат на непријатни спомени и ви мамат солзи на очите. Време е да мислите на себе. Двапати мислете, еднаш сечете и при изразувањето на работното место. Бидете мудри. Пред вас е поволна атмосфера.

Близнаци

Ако вашиот љубовен живот се движи како песна во последно време, тоа ќе се промени. Не грижете се ако работите не одат како што сте ги планирале. Ѕвездите покажуваат дека сè ќе биде во ред на крајот на денот. Можете да ги разгледате деталите за организирање патување или каква било промена во вашиот секојдневен живот.

Рак

Немојте многу да се потпирате на други луѓе кога е во прашање работата. Бидете подготвени поголемиот дел од одговорноста да ја преземете вие. И можеби подобро ќе биде така. Барем ќе имате увид во секоја ситуација на работа. Претерано сe карате со саканата личност. Сѐ уште ве трпи, но веќе се прашува каде води сето ова!

Лав

Денес бидете внимателни и избегнувајте ги луѓето кои само сакаат да ве искористат. На работното место ситуацијата ќе биде добра и ќе имате можност да размислите за иднината на вашата кариера. Имате голема наклонетост и поддршка од претпоставените. На љубовно поле мора погласно да го кажувате вашето мислење.

Девицa

Ако се занимавате со приватна работа, сега може да ви оди во надолна линија. Факторот среќа би можел да ве послужи на работа, па без поголеми проблеми ќе ги завршите сите обврски. Уживате во вниманието кое го добивате од вашиот додворувач. Ви претстои љубовна врска. Интересно познанство кое ќе ви донесе доста возбудувања.

Вага

Задоволни сте од работните околности. Може да очекувате дека ќе успеете да ги остварите своите цели. Самотијата ви одговара, и не сакате да влезете во нова љубовна врска. Одлуките кои се пред вас, не се лесни, но промените во животот сега се неминовни. Ако сте во врска, со саканата личност не уживате, имате големи проблеми.

Скорпија

Минатиот љубовен живот ќе ви се помеша со сегашниот во претстојните три недели. Планетите ќе ја „донесат“ во вашиот живот личноста која многу сте ја сакале. Добро размислете како ќе постапите. Ќе се соочувате со проблеми кои сте ги оставиле зад себе или ќе се карате за личности кои повеќе не постојат во вашиот живот.

Стрелец

Во кариерата не сте решиле сѐ, но може да очекувате поволни вести во врска со нешто од порано. Малку се смиривте и сега можете на правилен начин да ги разгледате сите работни можности. Иако сте незадоволни од работата, не брзајте. Во овој период ќе имате недостаток на пари и тоа ќе го зголемува вашето незадоволство.

Јарец

Во љубовта работите се менуваат на подобро, а тоа вам ќе ви донесе дополнителна среќа. Но, некој сака да ви се меша во врската. Многу ве иритираат коментарите од околината за вашиот љубовен живот. Ќе направите сè и денот ќе биде повеќе од успешен. Имате можност да се докажете пред саканата личност.

Водолија

Вашата самодоверба деновиве е многу голема и токму тоа е причината што не можете да се движите напред. На работното место атмосферата не е добра. Доколку сте во врска, внимавајте на вашите зборови. Денес подобро премолчете што и да ви пречи. Постои некоја нетрпеливост помеѓу вас и саканата личност.

Риби

Сфатете дека радоста е во малите нешта. Ќе треба да донесете одлука во врска со вашите финансии и сигурно ќе го направите вистинскиот избор. На емотивно поле имате премногу високи очекувања од партнерот. Обидете се да бидете пореалистични. Фокусирајте се на запоставените обврски пред да почнете со нешто ново.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk