Легендарниот фудбалер Синиша Михајловиќ почина вчера на 54-годишна возраст по тригодишна битка со галопирачка леукемија.
Во целиот свет се збогуваат со Михајловиќ, кој остави неизбришлива трага кога е светскиот фудбал во прашање, а меѓу нив е и познатиот италијански пејач Ерос Рамацоти, кој дури, во знак на почит, во своето збогување се изрази на српски порака.
“Брате, ми манчераи“, напишал Ерос на српски и италијански, што во превод значи – “Брате, ќе ми недостигаш“, а неговата порака трогна многумина.
Познатиор пејач додал и емотикон со скршено срце.
Синиша Михајловиќ почина во петокот во болница во Рим.
Погребот на легендарниот фудбалер ќе се одржи во понеделник во Рим, во базиликата „Santa Maria degli Angeli e dei Martiri“, пренела „Corriere dello Sport“.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, градот Рим работи на подготовка на гробното место на гробиштата “Кампидољо“ каде ќе биде погребан славниот фудбалер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата