logo
logo
logo

Џенифер Анистон НЕ СЕ ДРУЖИ со Антиваксери: „Изгубив неколку пријатели со причина“

Vecer | 05.08.2021

Џенифер Анистон НЕ СЕ ДРУЖИ со Антиваксери: „Изгубив неколку пријатели со причина“

Џенифер Анистон се залага за почитување на епидемиолошките мерки од почетокот на пандемијата и во неодамнешното интервју за списанието InStyle, таа ја нагласи важноста од вакцинација против Ковид.

- Се уште постои голема група луѓе кои се антиваксери или едноставно не ги слушаат фактите. Навистина е срамота - рече актерката, која токму поради таа причина престанала да се дружи со неколку луѓе од нејзиниот круг на пријатели.

„Само што изгубив неколку луѓе со кои се гледав неделно, бидејќи одбиваа да се вакцинираат или не кажуваат дали се вакцинирале или не“, рече Анистон.

Таа посочи дека верува дека секој има право на свое мислење, но според неа, многу такви мислења се базираат на пропаганда или страв.

- Чувствувам дека наша морална и професионална обврска е да ги информираме другите луѓе ако имаме заштита од Короната, бидејќи не можеме сите да се тестираме секој ден. Така да мислам дека се ослободив од неколку пријатели со причина - заклучи таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk