logo
logo
logo

Екс мисица останала парализирана по каснување од крлеж: ДОКТОРИТЕ ЗГРЕШИЈА

Vecer | 20.07.2023

Екс мисица останала парализирана по каснување од крлеж: ДОКТОРИТЕ ЗГРЕШИЈА

Кирсти Хајсман вели дека болеста што се пренесува преку крлежи ја оставила неподвижна и дека грешката на лекарот предизвикува нејзиното тело да се „исклучи“.

Таа истакнува дека годините на страдање би можеле да се избегнат доколку лекарите ја тестирале за Лајмска болест кога симптомите почнале во 2015 година. Наместо тоа, таа добила соодветно објаснување за нејзината состојба дури во февруари годинава, откако отишла во Мексико да оди на лекар.

34-годишната девојка, која беше крунисана за Мис Хертфордшир во 2015 година, е многу лута поради пропустот на докторот.

-Да ми дијагностицираа навреме, се ќе беше решено со тура антибиотици во траење од 28 дена. Сега телото ми се гаси и маж ми мора да ме носи во тоалет и да ме капе. Порано бев спортист, но сега се будам целосно слаб и со болки. Излегов двапати во последните шест недели. Мојот живот е кревет - вели скршено.

Кирсти истакнува дека долготрајната употреба на стероиди довела до распаѓање на коските, а специјалист и рекол „има коски на 70-годишна жена“, пренесува „Дејлимејл“.

Лајмската болест е бактериска инфекција која се пренесува преку инфицирани крлежи. Симптомите може да вклучуваат главоболки, губење на енергија, болки во мускулите, отечени зглобови, јасен осип на местото на каснувањето, проследен со висока температура, треска и необјаснет замор.

Иако се лекува со антибиотици, доколку се фати рано, некои пациенти тврдат дека страдаат од постојани симптоми кои траат со години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk