Крзненото суштество, со големина на зајак, го снимиле ноќе, најверојатно додека барало храна.
„Тешко се откриваат“
Експертите објаснија дека на снимката се гледа торбар со долг нос (Potorous tridactylus) кој обично живее сам покрај источниот брег на Австралија.
Еколозите велат дека го барале ова слатко суштество четири години, но безуспешно, пренесува Мајами Хералд.
"Овој вид е тешко да се открие во области со мала густина. Покрај тоа, тие се ноќни видови кои се кријат во гнезда во текот на денот. Ова е прв пат да се снима во резерватот", изјави екологот Енди Хау.
Загрозен вид по пожарот
Хау додава дека се чувствува „еуфорично“.
„Тие се многу срамежливи и ретко се појавуаат пред камерите. Овој вид беше сериозно погоден од пожарите во шумата во 2019-2020 година, бидејќи голем дел од нивното живеалиште беше уништено“, нагласи тој.
Еколозите се надеваат дека снимката од камерата ќе помогне подобро да се разбере овој вид торбар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата