logo
logo
logo

Египет: Дваесет и двајца исламистички борци осудени на бесење

Vecer | 25.11.2021

Египет: Дваесет и двајца исламистички борци осудени на бесење

Мажите се прогласени за виновни за извршување на 54 „терористички операции" во Египет, вклучувајќи го и убиството на висок полицаец и обидот за атентат врз поранешниот министер за внатрешни работи Мохамед Ибрахим.

Егзекуциите на цивилите во Египет се вршат со бесење. Меѓу осудените на смрт е и поранешен полицаец, а казните не можат да се обжалат.

Дваесет и двајца осуденици беа прогласени за виновни дека биле членови на групата Ансар Беит ал-Макдис, која се заколна на верност на терористичката група Исламска држава во 2014 година.

Касациониот суд, највисокиот апелационен суд во Египет, исто така, ги потврди казните на 118 други во истиот случај, кои се движат од неколку години до доживотен затвор.

Египет, најнаселената арапска земја, се наоѓа на трето место по број на егзекуции во светот, по Кина и Иран, според Амнести интернешенел. Во 2020 година, египетските власти егзекутираа најмалку 107 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk