logo
logo
logo

ЕУ ДЕЛИ ИЛЈАДНИЦИ БИЛЕТИ, можност на младите за бесплатно патување!

Vecer | 08.04.2026

ЕУ ДЕЛИ ИЛЈАДНИЦИ БИЛЕТИ, можност на младите за бесплатно патување!

Младите родени во периодот помеѓу 1 јули 2007 и 30 јуни 2008 година можат да се пријават за програмата DiscoverEU, која овозможува бесплатно патување со воз низ Европската Унија. Пријавувањето е отворено до 22 април напладне преку Европскиот портал за млади.

Кандидатите мора да живеат во една од земјите на ЕУ или во Северна Македонија, Лихтенштајн, Норвешка, Турција, Исланд или Србија. Пријавувањето е можно и пред наполнети 18 години, но учесниците мора да бидат полнолетни пред почетокот на самото патување, пренесува europa.eu.

Заинтересираните можат да се пријават поединечно или во групи до пет члена. По пријавата, потребно е да се реши краток квиз за општи познавања на Европската Унија и да се одговори на едно дополнително прашање за проценка. Пријавите ги разгледуваат Европската комисија и Извршната агенција за европско образование и култура.

Одбраните кандидати ќе имаат можност да патуваат со воз низ Европа во периодот од 1 јули 2026 до 30 септември 2027 година. Патувањето може да трае до 30 дена, при што за самото возење се предвидени најмногу седум дена.

Програмата DiscoverEU е започната во 2018 година по иницијатива на активистите Винсент-Имануел Хер и Мартин Шпер, а секоја година се организираат по два круга за пријавување. Според податоците на ЕУ, од почетокот на програмата се пријавиле повеќе од 1,9 милиони млади, од кои околу 431.931 добиле можност да учествуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk