logo
logo
logo

ФБИ со ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ до корисниците на АНДРОИД И АЈФОН

Vecer | 08.04.2026

ФБИ со ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ до корисниците на АНДРОИД И АЈФОН

ФБИ упати официјално предупредување до американските граѓани да престанат со инсталирање на одредени мобилни апликации. Во својата најнова објава, Бирото ги истакнува „ризиците за безбедноста на податоците поврзани со апликации развиени во странство, кои често се користат во САД, но нагласуваат дека овие грижи се од глобален карактер“. На почетокот на 2026 година, голем дел од најпреземаните и најуспешните апликации во САД се развиени и одржувани од странски компании, особено оние со седиште во Кина.

Ова предупредување е директно поврзано со контроверзните кинески закони за национална безбедност. ФБИ ги потсетува корисниците на паметни телефони дека овие закони овозможуваат „потенцијален пристап на кинеската влада до податоците на корисниците“. Накратко, законите ги обврзуваат програмерите со седиште во Кина да направат сè што е во нивна моќ за да ги поддржат императивите на националната безбедност на земјата – вклучително и споделување на корисничките податоци. Станува збор за истиот законски налог кој создаде сериозни проблеми за TikTok пред одвојувањето на неговиот американски бизнис.

ФБИ цитира два клучни члена од кинескиот Закон за национална разузнавачка служба:

- Член 7: „Сите организации и граѓани се должни да ги поддржуваат, помагаат и да соработуваат со националните разузнавачки напори во согласност со законот, како и да ги штитат државните тајни кои им се познати.“

- Член 14: „Националните разузнавачки институции кои законски спроведуваат активности можат да побараат од надлежните органи, организации и граѓани да ја обезбедат потребната поддршка, помош и соработка.“

Иако ФБИ не објави конкретна листа на „забранети“ кинески апликации или програмери од други високоризични локации, Бирото издаде насоки до кои граѓаните треба да се придржуваат пред да одлучат дали да инсталираат одредена апликација. Наместо директни забрани, фокусот е ставен на едукација на корисниците за тоа каде завршуваат нивните приватни информации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk