logo
logo
logo

Едноставен трик за убавина на принцезата Дијана. За сјајна кожа, без недостатоци, пробајте ја оваа генијална домашна маска!

Vecer | 10.05.2021

Едноставен трик за убавина на принцезата Дијана. За сјајна кожа, без недостатоци, пробајте ја оваа генијална домашна маска!

Малкумина би рекле дека принцезата Дијана имала проблеми со несовршената кожа, особено со розацеа - црвенило што се јавува поради проширени капилари. Но, всушност, многу едноставна рутина за нега на лице ѝ помогна да ја задржи кожата беспрекорна.

Нејзините методи, а особено двата производи без кои не Дијана не можеше ги откри нејзината козметичарка и пријателка Мери Гринвел.

Принцезата Дијана остана во сеќавањата како една од најголемите природни убавици, но дури и таа водеше битка со несовршености на кожата. И покрај розоцеата која повремено се појавувала како резултат на проширување на капиларите, нејзината кожа секогаш изгледаше негувана, хидрирана и без видливи дамки. Благодарение на нејзината козметичарка и пријателка Мери Гринвел, сега знаеме како Дијана го постигнала тоа.

Наместо да поминува низ скапи третмани, Лејди Ди се потпре на едноставни и достапни препарати како што се смирувачкоо масло од роза и домашни маски за лице од авокадо.

Но, тајната на нејзината совршена кожа беше и во нејзината постојана рутина за убавина. Гринвел ни откри како Дијана се придржувала до едноставните рутини на чистење, тонирање и хидрирање на кожата двапати на ден.

Дијана беше многу разумна кога станува збор за кожата. „Секогаш ја отстрануваше шминката на крајот од денот и секогаш имаше чисто лице пред да се нашминка“, изјави Гринвел за странските медиуми.

„Откако започнав да работам со неа, Дијана започна да прави сè во умерени количини. Таа исто така го намали внесувањето на алкохол, што често ја поттикнува розацеата, така што веројатно тоа ѝ помогна да ја избегне појава на непријатните дамки“, рече Гринвел.

Ова е рецептот за едноставната маска за кожа од авокадо што ја користила принцезата:

Состојки:

1/2 зрело авокадо

2 лажици топла вода

1 лажица мед

Авокадото испасирајте го со вилушка. Растопете го медот во топла вода, а потоа додадете го во авокадото и измешајте сè во компактна смеса. Нанесете ја маската на лицето со прстите или со четка. Оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk