logo
logo
logo

Едноставен трик на професионалците за да се ослободите од миризбата на пржен кромид

Vecer | 28.11.2024

Едноставен трик на професионалците за да се ослободите од миризбата на пржен кромид

Во светските кулинарски кругови постојат вистински мајстори кои со особено внимание пржат кромид и користат трикови за драстично подобрување на вкусот, текстурата и мирисот на овој едноставен зеленчук. Еден од најпознатите трикови доаѓа од познатиот готвач Гордон Ремзи.

Тајната што ја користат најдобрите готвачи

Гордон Ремзи е познат по својата прецизност и иновативност во кујната, тој користи специјална комбинација на состојки при динстањето кромид - сода бикарбона и шеќер. Овој трик помага кромидот побргу да стане сочен, а воедно и побргу и порамномерно да се испржи. Со додавање на малку сода бикарбона, кромидот побрзо ја апсорбира течноста, овозможувајќи побогат, поинтензивен вкус. Шеќерот помага да се карамелизира, давајќи му на кромидот благ, сладок вкус кој совршено се комбинира со различни чорби и сосови.

Она што е особено важно за овој трик е фактот дека содата бикарбона влијае на текстурата на кромидот, правејќи го помек и полесен за варење.

Исто така, овој метод може да биде корисен ако приготвувате јадења за кои е потребна густа основа, на пример, запршка или приготвувате чорба, бидејќи динстаниот кромид со содата ја добива саканата густина  без да мора дополнително да правите запршка.

Го нема непријатниот мирис при динстање на кромидот

Еден од најголемите проблеми кога се динста кромидот дома е неговиот мирис. Ослободувањето на сулфур при термичка обработка на кромидот може да предизвика непријатен мирис кој се шири низ целиот дом. Готвачите во елитните ресторани многу добро знаат дека тоа е нешто што може да им ја расипе атмосферата на гостите, па затоа го користат методот со сода бикарбона и шеќер. Оваа комбинација не само што го забрзува процесот на крчкање, туку и го намалува испуштањето на сулфурни гасови, што значи дека вашиот дом ќе биде без непријатниот мирис.

Овие совети не се корисни само кога готвите дома, туку се стандардни во професионалните кујни. Исто така, пржењето кромид со сода бикарбона овозможува побрзо и поефикасно приготвување на храната, што е клучно во средина која се занимава со голем број нарачки за краток временски период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk