logo
logo
logo

ПОИНАКВА ПЕНЗИОНЕРСКА ПРИКАЗНА

Ми кажаа да одам на часови за да не ми е досадно, а јас се запишав на факултет на 87 години!

Vecer | 16.05.2021

Ми кажаа да одам на часови за да не ми е досадно, а јас се запишав на факултет на 87 години!

Таа поминала 29 години работејќи како чувар, а подоцна била шеф на одделот за курири во компанија во Алабама. Се пензионирала во далечната 1992 година.

Вишокот слободно време но и желбата за учење, 78 годишната Вивиен ја натерало да се запише на факултет.

Оваа жена која која има две деца, три внуци и три правнуци факултетска диплома добила во осмата деценија од нејзиниот живот.

-Се чувствувам одлично. Бев премногу возбудена додека студирав и можам да кажам дека чувството дека сум завршила факултет е непроценливо. Едноставно треба да ги следите своите соништа и да не дозволувате да ви кажуваат други што можете а што не можете да направите, вели Вивиен.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=fTI96VY-o38&feature=emb_title[/embed]

Имено, таа минатиот викенд дипломирала на Универзитетот Самфорд во Алабама а поминала цели 6 години студирајќи либерални студии.

-Јас сум член на едно Здружение на пензионери. Таму ни кажаа дека слободното време можеме да го искористиме за да посетуваме часови. Па така и ми дојде идејата. Наместо да седам дома и да си го губам времето се запишав на факултет. Уживам додека поминувам време на предавањата, вели таа.

Вивиен и открива дека нејзиното семејство и било огромна поддршка за време на нејзините студии но и дека сите се горди на нејзиниот успех.

-Моите пријатели ми се јавија и ми признаа дека мојот пример ги мотивирал. Помладите членови на моето семејство пак, ми велат дека ако можам јас тогаш можат и тие. Моето школување не завршува тука. Сакам да се запишам и на мастер студии, завршува Вивиен.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk