logo
logo
logo

Еден маж одлучил да го сподели проблемот што го мачи подолг временски период

Vecer | 18.03.2025

Еден маж одлучил да го сподели проблемот што го мачи подолг временски период

Анонимен маж ја сподели својата најискрена исповед на социјалните мрежи, жалејќи се на проблем што моментално го доживува во својот брачен живот. Имено, неговиот однос со сопругата е нарушен бидејќи како што тврди таа се здебелила, а тоа му пречи и не може да замисли да бидат интимни.

- Седам овде и се обидувам да смислам најдобар начин да се изразам бидејќи не постои правилен начин. Тоа не е нешто што сакам да го кажам, но сакам да бидам искрен. Повеќе не ме привлекува жена ми. Не сакам да бидам интимен со неа бидејќи повеќе не изгледа како на почетокот на врската. Кога се запознавме, таа беше слаба, но потоа килограмите почнаа да се трупаат. Ова не е нешто што луѓето лесно го споделуваат. Се чувствувам како да сум ја изневерил, но така стојат работите. Таа не го заслужува ова. Добра жена е. Прекрасна жена. Подобра личност од мене. Но веќе не ме привлекува. Ми се допаѓа нејзината насмевка, нејзиниот карактер, нејзината топлина и мудрост, но мислам дека почнувам да ја сакам како пријател, а не како сопруга“, раскажал тој.

Вели дека се венчале пред пет, а не пред 20 години и не разбира зошто толку брзо му поминале емоциите.

- Таа е во средните триесетти години, а јас сум во доцните триесетти. Во текот на изминатите 5 години, таа од жена со просечна градба која носеше величина 38 помина на величина 48, и нема никаква промена. Чувствувам дека е несреќна и дека храната ѝ е утеха. Свесен сум дека придонесов за нејзиното незадоволство, но не можам да разберам како некој би си дозволил толку многу да се промени - се пожалил тој.

Исто така, оваа ситуација го натерала да се запраша дали љубовта има некаква врска со физичкиот изглед.

- Дали сум толку плиток и површен? Или сум само човек? Со денови размислувам за ова. Зарем не постои непишано правило во партнерските односи дека партнерите мора да се трудат да останат привлечни еден за друг? Таа знае како се чувствувам, иако, се разбира, никогаш не сум и кажал. Таа може да го види тоа по начинот на кој јас ја гледам. Таа тоа може да го прочита од нашиот нарушен, едвај постоечки сексуален живот. Сакам да ослабе, не можам да го променам начинот на кој ми функционира мозокот. Сакам мојата сопруга да биде здрава, самоуверена и среќна, да се гордее со својот изглед - заклучил тој.

Што би направиле вие да сте на негово место?  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk