Редовното миење на рацете и внесувањето витамини понекогаш не е доволно за да го заштитите организмот од вируси. Ова е период кога телото е подложно на различни инфекции, па затоа е важно добро да се „наоружате“ за да ја преживеете сезоната на настинки.
Статистиките на Американскиот центар за контрола и превенција на болести покажуваат дека возрасна личност настинува два до три пати годишно, а д-р Холи Филпс објави и кратки препораки за заштита од вируси.
Јогурт за појадок
Истите бактериски култури кои помагаат при проблеми со варење можат да ве заштитат и од настинка, вели д-р Филпс, интернистка од Њујорк.
Студии покажале дека оние кои внесуваат пробиотици преку таблети или ферментирана храна како јогурт и кефир имаат за 12% помалку проблеми со респираторни инфекции.
Држете се подалеку од настинати
Колку што можете, држете се настрана од луѓе кои киваат.
- „Бактериите кои се пренесуваат со честичките од кивање можат да прелетаат и до седум метри. Ако некој близу вас почне да кашла или кива, тргнете се или преминете на друго место“, вели д-р Филпс.
Спијте редовно
Луѓето кои спијат помалку од седум часа се речиси три пати позподложни на настинки од оние кои спијат најмалку осум часа.
Внесувајте цинк
Цинкот е минерал многу важен за клетките на имунолошкиот систем, а анализите од 18 експерименти покажуваат дека внесувањето цинк во рок од 24 часа по првите симптоми го скратува времетраењето на болеста.
Покрај тоа што го намалува траењето на настинката, цинкот го зголемува либидото, помага при зараснување на рани и ја спречува воспалителната реакција.
Испирајте го грлото
Солта помага во уништување на бактериите, а плакнењето на внатрешноста на грлото со солен раствор (половина лажичка морска сол во чаша топла вода) ја намалува воспаленоста и го разредува слузот, што помага во отстранување на бактериите.
Загрејте пилешка супа
- „Пареата ги отвора запушените носни канали, а солената течност го смирува воспаленото грло“, тврди д-р Холи Филпс.
Солта ја надополнува електролитската рамнотежа, која ги забавува белите крвни зрнца. Кога тие се движат побавно, поминуваат повеќе време во деловите на телото каде се потребни за борба против инфекцијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата