logo
logo
logo

ИЗМАМА НА ВЕКОТ: Платил 1.700 ЕВРА ЗА ЌЕБАП на плажа

Vecer | 19.04.2026

ИЗМАМА НА ВЕКОТ: Платил 1.700 ЕВРА ЗА ЌЕБАП на плажа

Британски турист доживеал непријатно изненадување на познатата плажа Копакабана, откако за обичен ќебап му биле наплатени неверојатни 1.700 евра. Овој инцидент е само дел од новиот бран измами што ги погодуваат посетителите на бразилскиот брег, пренесува „Гардијан“.

Според полицијата, измамниците користеле манипулиран POS-терминал. Наместо воообичаените 10 реали (околу 1,7 евра), на сметката на туристот биле повлечени 10.000 бразилски реали. Полицијата веќе уапсила едно лице во близина на луксузните хотели на шеталиштето.

Овој случај не е изолиран. На соседната плажа Ипанема, на двајца аргентински туристи се обиделе да им наплатат 1.200 евра за две порции асаи десерт, додека еден Колумбиец платил 400 евра за една каипириња. Најекстремниот случај ја вклучува Аргентинка која платила речиси 3.400 евра за една варена пченка, само затоа што не ги разбирала бројките на португалски јазик.

Шефицата на туристичката полиција во Рио, Патриша Алемани, признава дека недостигот на ефикасен надзор создава „хаотична средина“ која им оди во прилог на криминалците. И покрај ова, туризмот во Бразил е во рекорден подем, особено по големите концерти на ѕвезди како Лејди Гага, а се очекува и настапот на Шакира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk