logo
logo
logo

Руски научник споделува зачудувачко откритие: Најсилна ерупција годинава, дали ни се закануваат магнетни бури?

Vecer | 31.05.2025

Руски научник споделува зачудувачко откритие: Најсилна ерупција годинава, дали ни се закануваат магнетни бури?

Научникот од Институтот за вселенски истражувања при Руската академија на науките, Сергеј Богачев, изјави дека на Сонцето досега е регистрирано најсилното исфрлање на сончев материјал оваа година, насочено директно кон Земјата.

„Моќта на сончевата емисија е помала од слични настани во мај минатата година, кога се случија сончеви бури од петта категорија, но тоа би можело да доведе до голема серија магнетни бури оваа година, достигнувајќи ја јачината на четвртата категорија“, рече Богачев, кој е директор на лабораторијата за сончева астрономија во Институтот, објави РИА Новости.

Тој додаде дека мерењата покажале екстремно висока брзина на плазмата. Според научниците, пристигнувањето на сончевиот материјал на Земјата би можело да се случи утре вечер, а точното време ќе биде објавено подоцна.

Богачев истакна дека сончевата емисија се наоѓала во центарот на видливиот дел од Сонцето, во активниот регион 4100, а таквата локација ја исклучува дури и теоретската можност исфрлениот сончев материјал да ја заобиколи Земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk