logo
logo
logo

Не и се седело на работа, па го замолила синот да се ОНЕСВЕСТИ ПРЕД НАДЗОРНАТА КАМЕРА (Видео)

Vecer | 23.04.2025

Не и се седело на работа, па го замолила синот да се ОНЕСВЕСТИ ПРЕД НАДЗОРНАТА КАМЕРА (Видео)

На социјалната мрежа Х се појави видео кое ги насмеа сите што го гледаа, а се работи за бегање од работа. За да може една мајка да излезе порано и да ужива во убавиот и сончев ден наместо да седи во загушливата канцеларија, му испратила порака на синот.

Планот бил да се извлече од работа, а на синот му напишала порака да излезе надвор од куќата, каде што има поврзана безбедносна камера на мобилниот телефон и едноставно да се „онесвести“.

Синот ја сфатил задачата, а потоа ја извршил како вистински професионалец, воодушевените луѓе на „Х“ не можеле да се воздржат од коментирање.

„Родителство на експертско ниво“, „Не само што не успеа, туку имаше настап“, „Среќа што избра добро место“, „Честитки за максималната посветеност“, се само дел од коментарите во серијата.

Дали би направиле вакво нешто за вашата мајка?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk